Транспарентноста и отчетноста на локалните власти се клучни за намалување на корупцијата, а е-услугите играат значајна улога во ова. Во РСМ, ангажирањето на локалните власти е од витално значење, но предизвиците како ограничената дигитална писменост и несоодветната инфраструктура го отежнуваат пристапот и користењето на овие услуги.
Цел на проектот: Општата цел (ОЦ) на проектот е подобрување на транспарентноста, отчетноста и антикорупциската отпорност на услугите во единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) во Република Северна Македонија (РСМ) според потребите и перцепцијата на граѓаните за нивна подложност на корупција.
Очекувани резултати:
- Зголемено граѓанско учество во подобрувањето на транспарентноста, отчетноста и антикорупциската отпорност на услугите во ЕЛС во РСМ
- Зголемување на свеста на граѓаните поинформирано и активно да бараат локални е-услуги отпорни на корупција според нивните потреби
- Локални е-услуги отпорни на корупција по мерка на граѓаните преку активен мониторинг
Проектни активности:
- Анкета со граѓаните за нивната перцепција на најподложни услуги на корупција на локално ниво
- Фокус групи (во осум плански региони) со граѓаните од ЕЛС за приоретизирање на потребите на граѓаните од е-услуги отпорни на корупција
- Јавен форум со граѓаните, локалните власти, граѓанските организации и медиумите за подобрување на транспарентноста, отчетноста и антикорупциската отпорност на услугите во ЕЛС
- Препораки до ЕЛС за приоритетни барања од граѓаните за е-услуги отпорни на корупција презентирани пред општините на поеднични средби по плански региони
- Медиумски написи за потребите на граѓаните од локални е-услуги отпорни на корупција
- Кампања за граѓаните од ЕЛС со примери за е-услуги отпорни на корупција
- Анализа на е-услугите во ЕЛС во РСМ за 2025 година
Временска рамка: 24 месеци (1.1.2025г. – 31.12.2026г.)
Партнери: Иновативни медиуми-Скопје
Проектот ќе придонесе кон зголемување на транспарентноста и антикорупциската отпорност на услугите во ЕЛС преку приоретизирање на е-услугите според потребите и перцепциите на граѓаните. Вклучувањето на граѓаните ќе ја зголеми нивната доверба во ЕЛС и свесноста за нивните права, поттикнувајќи активно учество во јавните процеси. Со зголемување на учеството и информираноста на граѓаните, ќе се поттикне постојан процес на подобрување на услугите, што на долг рок ќе придонесе за поодговорна и поефективна локална самоуправа.
Проектот „Граѓани во акција: за подобри локални услуги без корупција“ е поддржан од програмата „Граѓаните против корупцијата“. Програмата „Граѓаните против корупцијата“ се реализира од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ), 360 Степени, Истражувачка репортерска лабораторија Македонија (ИРЛ) и Балканската истражувачка репортерска мрежа Македонија (БИРН). Финансирана е од Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД/Северна Македонија.