Со поддршка на CIVICUS, а во партнерство со Civic Literacy Initiative, Фондацијата Метаморфозис го спроведува проектот Хакатон за дигитална демократија – што има за цел да поттикне развој на иновативни дигитални решенија за унапредување на демократијата и зајакнување на граѓанскиот сектор.
Хакатонот е дел од пошироката Иницијатива за дигитална демократија, проект кој се спроведува глобално од страна на CIVICUS.
Цели на проектот:
- Креирање иновативни дигитални решенија што ќе го унапредат демократското учество:
- Поддршка и вмрежување на граѓанскиот сектор во земјите во фокус;
- Поттикнување на регионална соработка и солидарност меѓу младите активисти;
Активности во рамките на проектот:
- Отворен повик за апликации – до тимови од 13 земји во фокус;
- Петдневен хакатон во Бангкок, Тајланд – пет селектирани тимови ќе работат на развој на своите решенија со поддршка од ментори и жири-комисија;
- Грантова и менторска поддршка – за понатамошен развој и тестирање на решенијата во периодот ноември 2025 – февруари 2026;
Земји во фокус:
Албанија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Грузија, Казахстан, Киргистан, Косово, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Украина и Турција.
Тематски области:
- Дезинформации и проверка на факти;
- Дигитална безбедност и брза реакција;
- Безбедно организирање и известување за човекови права;
- Младински локален активизам.
Хакатонот е наменет за тимови што претставуваат граѓански организации, кои сакаат да развијат дигитални алатки, платформи или кампањи за справување со клучни предизвици во дигиталната ера. Учесниците ќе добијат пристап до експертска менторска поддршка, технички ресурси и можност нивните идеи да станат реални, влијателни решенија.


