Иницирање програми за учење за возрасни за вештачка интелигенција

03.11.2025

Проекти

Вештачката интелигенција (ВИ) станува клучен елемент во еволуцијата на работните места, а програмите за образование за возрасни треба да ја вклучат со цел да помогнат во прилагодувањето кон вработувањето, ефикасноста и продуктивноста, а со тоа да помогнат и во аспектите поврзани со етиката и човековите права. Поради тоа, проектот „Иницирање програми за учење за возрасни за вештачка интелигенција“ има за цел да ја подобри писменоста во областа на вештачката интелигенција кај возрасните ученици и во секторот за образование за возрасни.

Поконкретно, проектот се стреми кон:

  • Специфична цел 1: Да им овозможи на давателите на образование за возрасни да вклучат теми поврзани со вештачка интелигенција во нивните редовни образовни програми и активности;
  • Специфична цел 2: Да ги оспособи возрасните ученици (граѓаните) за користење на алатки за вештачка интелигенција преку иновативни образовни програми за писменост во областа на ВИ;
  • Специфична цел 3: Да понуди насоки за политики и да поддржи застапување за вклучување на содржини за писменост во областа на вештачка интелигенција во образованието за возрасни.

Активностите на проектот ќе бидат насочени кон иницирање на ресурси за образование за возрасни, промовирање добри практики и активности за застапување и дисеминација, преку создавање на: наставна програма за писменост во областа на вештачката интелигенција за даватели на образование за возрасни и за обучувачи, прирачник за воспоставување програми за образование за возрасни во областа на ВИ, онлајн курс за подигање на свеста, листа на активности за застапување, како и OER платформа/дел од веб-страница.

Покрај тоа, ќе се организираат и обука за обучувачи (Training of Trainers), национални или локални работилници, студиски посети во Стразбур и Брисел со обука за застапување, завршна конференција на проектот, како и активности за видливост и комуникација.

Период на имплементација: 1/11/2025 – 31/10/2027 (24 месеци)

Програма: Erasmus + , KA220-ADU – Партнерства за соработка во образованието за возрасни

Донатор: Европска Унија преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Партнери на проектот:

mediumski-item-img-1.png

Хакатон за дигитална демократија

Со поддршка на CIVICUS, а во партнерство со Civic Literacy Initiative, Фондацијата Метаморфозис го спроведува проектот Хакатон за дигитална демократија – што има за цел да поттикне развој на иновативни дигитални решенија за

mediumski-item-img-1.png

СајберШтит: Омоќени граѓани за сајбер отпорност

Колективната сајбер-безбедност е од суштинско значење за да се осигурaме дека граѓаните компетентно, безбедно и одговорно навигираат низ дигиталната средина и ги користат придобивките од технологијата. Преку заштитување на нашето онлајн присуство, градиме

mediumski-item-img-1.png

ИНТЕГРАЦИЈА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЕДИНСТВЕНИОТ ДИГИТАЛЕН ПАЗАР НА ЕУ

ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ: Унапредување на стандардите за дигиталните права во регионот на Западен Балкан и придонесување за негова успешна интеграција во Единствениот дигитален пазар на ЕУ. ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ: Развој и примена на заедничка