Искористување на технологијата за промовирање на институционална одговорност и транспарентност

01.11.2024

Проекти

Целта на проектот е да се промовира отвореноста и транспарентноста на законодавната и извршната власт во Југоисточна Европа.

Во рамките на овој проект, Мрежата за отчетност, технологија и институционална отвореност во Југоисточна Европа спроведува годишно истражување за отвореноста на извршните и законодавните институции во регионот на Западен Балкан. Истражувањето се спроведува преку регионалниот Индекс на отвореност врз основа на кој утврдуваме до кој степен властите во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија ги објавуваат информациите од јавен карактер во доменот на нивната работа.

Целта на активноста е да даде анализа на состојбите во овој домен на работата на јавната администрација, да придонесе за спроведување на реформите и да влијае на зајакнувањето на принципите на добро менаџирање, за да на крај да им помогне на самите институции поефикасно да ги применат во нивната работа. Мониторингот на институционална отвореност првпат беше спроведен во 2017 година и оттогаш се спроведува редовно.

На следната веб-страница можете да најдете повеќе детали за досегашните резултати од мерењето на отвореноста на институцијата.

Временска рамка: 1.11.2024 – 31.10.2026

Донатор: National Endowment for Democracy – NED

Партнери:

Центар за демократска транзиција
Црна Гора
Веб-страница: www.cdtmn.org

Партнери за демократски промени Србија
Србија
Веб-страница: https://www.partners-serbia.org/

Здружение на граѓани Зошто да не?
Босна и Херцеговина
Веб-страница: http://zastone.ba

mediumski-item-img-1.png

Граѓани во акција: за подобри локални услуги без корупција

Транспарентноста и отчетноста на локалните власти се клучни за намалување на корупцијата, а е-услугите играат значајна улога во ова. Во РСМ, ангажирањето на локалните власти е од витално значење, но предизвиците како ограничената

mediumski-item-img-1.png

(ДИГИЛОК) Дигитална трансформација на локално ниво - Вклучена заедница за отпорност на корупција

Сузбивањето на корупцијата е суштинско за зголемување на довербата во институциите, заштитување на демократијата, промовирање правичност и добро управување. Граѓаните ja препознаваат корупцијата како најголем проблем, а коруптивниот притисок и виктимизацијата се значително

mediumski-item-img-1.png

ACTION SEE – Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа - 2022

ACTION SEE (Одговорност, технологија и мрежа за институционална отвореност во регионот на Југоисточна Европа) е мрежа на граѓански организации кои заеднички работат на промовирање и обезбедување одговорност и транспарентност на владата во регионот