Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество

18.09.2014

Проекти

Проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“ е дизајниран да ги засили постоечите напори на граѓанските организации, градејќи им ги капацитетите и вештините за користење на новите технологии за вмрежување и застапување. Преку серија на алатки и обуки, локалните граѓански организации ќе имаат подобрена соработка едни со други, со нивните целни групи и граѓаните на најклучните нивоа, како и вертикално со владата. Овие нови односи водат кон градење на коалиција, подобрен јавен ангажман и можности граѓанските организации да влијаат врз креирањето на политиките и демократските реформи. Проектот цели кон четири клучни подрачја на активности: градење на стратегии преку поопширни консултации, градење на капацитетите за граѓанските организации, мали грантови за одредени кампањи за поддршка и градење на поширока корисничка заедница.

Проектот ќе идентификува 6 групи на граѓански организации, кои работат на различни значајни прашања за локалната заедница или со национално значење, чии технички капацитети ќе бидат подобрени со цел да им се овозможи да дејствуваат како мрежа, за да ги работат на подобрување на заедничката агенда. Структурата на овие соработки ќе се одразуваат на разновидноста на македонското општество како и големиот број на прашања кои можат да се решат преку заедничката работа со граѓанските организации со релевантните владини органи преку комбинирани употреби на онлајн и офлајн механизми за активно граѓанско учество. Нивните искуства ќе послужат како модели на добра практика, кои ќе можат да се реплицираат поопширно.

Општа цел на проектот

Да помогне во креирањето на подинамично граѓанско општество во Македонија кое може ефективно да ги мобилизира граѓаните за активен ангажман за транспарентност и отчетност, како и да има капацитет да влијае на политиките и во процесот на донесувањето на одлуките на локално и национално ниво.

Специфични цели:

  1. Да поврзе граѓански организации од најмалку 6 градови за да можат заедно да работат на прашања од заеднички интерес и да додадат вредност на локалните и националните напори;
  2. Да се подобрат капацитетите на граѓанските мрежи за поврзување со своите целни групи и да им даде право на глас на граѓаните во донесувањето на одлуките (на локално ниво);
  3. Да ја помогне соработката на граѓанските организации во воспоставувањето на механизмите за управување за да се поврзат со владините институции и влијаат на реформите за поголема транспарентост и отчетност, вклучувајќи и подобро разбирање на Инструментот за претпристапна помош – ИПА и да обезбеди поефикасен придонес во програмирање на процесот на Инструментот за претпристапна помош. (вертилканото вмрежување)