Национална политика за слободен софтвер

31.08.2014

Проекти

Проектот има за цел создавање на документ за Национална политика за слободен софтвер (со отворен код) за централната и локалната власт, според примерот на е-Хрватска, со цел да се постигне поголема ефикасност во работата на државните органи, како и зголемена транспарентност и одговорност при јавните набавки на компјутерска опрема и софтвер.

Проектот го имплементира Слободен софтвер Македонија со поддршка од Метаморфозис и ФИООМ, во соработка со Министерството за информатичко општество на РМ (МИО).

Очекувани резултати:

  • Спроведен инклузивен процес на креирање на политиката
  • Финализирана и објавена Националната политика за слободен софтвер
  • Националната Политика за слободен софтвер усвоена од релевантните државни органи