Целта на проектот беше да се оспособат претставниците на граѓанските организации и медиумите во полето на дигиталната безбедност и приватност. Тимот на Метаморфозис го процени нивото на знаење за дигиталната безбедност и приватност кај граѓанските организации и медиумите, како и нивното целокупно ниво на безбедност. Понатаму, преку онлајн обуки и вебинари, проектот им овозможи на учесниците да ги зголемат своите вештини и свесност за дигиталната безбедност и приватност со конкретни алатки и пристапи што ќе ги користат во нивната работа. Исто така, проектот придонесе за внесување на вештините за дигитална безбедност и иновации фокусирани на корисниците во граѓанските организации. Проектот е реализиран во партнерство со проектот Information Safety & Capacity (ISC) .
Временска рамка
Од јуни до септември 2020
Резултати од проектот
- Во периодот од јуни до септември 2020 година се одржаа 10 онлајн обуки и 10 вебинари на кои учествуваа 31 граѓанска организација со вкупно 120 учесници
- Одржани се голем број сесии со над 20 граѓански организации каде на учесниците им беше помогнато да научат да применуваат алатки и политики за подобро ниво на безбедност.
- Во соработка со TechSoup Северна Македонија, вкупно 13 нови граѓански организации се здобија со софтверски лиценци за нивниот OS и Office софтвер, како и 130 лиценци за антивирусен софтвер
- Креиран е и постер со совети за дигитална безбедност
- Веб-страницата за Дигитална прва помош е пуштена во употреба