Главна цел на проектот
Проектот има за цел да го разоткрие влијанието на странските пропаганди преку набљудувачко новинарство и да ги искористи резултатите од истражувањето за да ја едуцира јавноста на разбирлив начин. Сето ова е со цел да ја направи широко призната и приоритетна состојбата со странските пропаганди која бара итни дејства.
Специфични цели
- Да се зголеми свеста и знаењето на носителите на одлуки и на пошироката јавност за природата и ефектот на странската малигна пропаганда и дезинформации во Северна Македонија.
- Да се зајакнат капацитетите на поединечните новинари и медиуми за набљувувачкото новинарство засновано на факти, фокусирано на изложување на виделина на малигните влијанија.
- Допирање до јавноста и застапување за зголемена јавна дебата и барање за конструктивни политички мерки.
Таргет групи
- Општата јавност како група која е најпогодена и најзасегната од странските малигни влијанија.
- Национални и регионални медиумски редакции и новинари.
- Граѓански организации.
- Јавни/државни институции вклучени во борбата против малигните странски влијанија.
Очекувани резултати
По завршувањето на проектот, новинарите, граѓаните и носителите на одлуки ќе имаат на располагање збир на докази што може да се користат во секоја јавна дебата за да се побијат тврдењата на оние кои го негираат или минимизираат влијанието на странското малигно влијание. Јавната дебата што ќе произлезе, ќе го пренасочи јавното мислење кон зголемена издржливост и ќе поттикне мобилизација преку внесување на знаење, вештини за медиумска писменост, зголемување на побарувачката на граѓаните за подобар институционален одговор на овие видови закани за демократијата.
Проектни активности
- Создавање на широк спектар на детални ресурси во врска со природата и ефектот на странската малигна пропаганда и дезинформации во Северна Македонија. Содржината создадена од проектот ќе послужи како образовен ресурс што ќе го користат засегнатите страни и сите заинтересирани кои ретко имаат пристап до документација за странско влијание во Северна Македонија, бидејќи главните медиуми генерално го игнорираат ова прашање.
- Јавно ширење и промовирање медиумски содржини насочени кон спротивставување на странската малигна пропаганда и дезинформации, на македонски, албански и англиски јазик. Тимот на Метаморфозис ќе креира и споделува антидезинформациска содржина произведена од медиумската мрежа преку спроведување на кампања за публицитет насочена кон едукација на пошироката јавност за својствата и ефектите на дезинформациите и пропагандата.
- Настан за застапување за зголемување на учеството на креаторите на политики против странските токсични влијанија. Метаморфозис ќе организира настани за застапување со носителите на одлуки од државните институции од една страна, и претставници на медиумите, граѓанското општество (медиумски организации и организации ангажирани во борбата против дезинформациите, како и прашањата за национална безбедност и странски експерти) и академската заедница од друга страна.
Времетраење на проектот: 1 година (12 месеци)
Финансиска поддршка: Национален фонд за демократија – National Endowment for Democracy (NED)