Проверка на факти на Фејсбук содржини

03.02.2021

Проекти

Нашата определба

Борбата против лажните вести е голема одговорност. Систематската проверка на фактите и известувањето базирано на потврдена вистина влијаат на зголемување на нивото на медиумска и информацикса писменост, а во исто време даваат поддршка во градењето на демократските вредности на општеството.

Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис преку програмата „Медиуми за демократија“ години наназад работи на проверката на факти. Над 10.000 содржини од најразлични жанрови и теми се објавени како дел од Вистиномер, proverkanafakti.mk и crithink.mk. Искуството и посветеноста доведоа до бројни соработки и партнерства, последното од нив во август 2020 година кога социјалната мрежа Фејсбук, заедно со Метаморфозис и порталот Вистиномер започнаа соработка во рамки на програмата за проверка на факти на содржини споделени на Фејсбук кои потекнуваат од нашата земја.

Како функционира?

Проверката на факти не е лична проценка на тоа што е вистина, а што лага. Проверката на факти е конкретна и јасна задача, процес, а за фактите да бидат факти, мора да има докази. Врз основа на утврдена методологија од страна на Фејсбук (Facebook’s Third-Party Fact Checking Program), професионални организации од над 75 земји ширум светот се дел од оваа програма преку која вршат идентификување на потенцијалните лажни вести, преглед на фактите содржани во идентификуваните лажни вести, а за тоа го известуваат Фејсбук кој натаму одлучува како ќе дејствува во врска со видливоста на тие содржини на мрежата.

 

Оваа програма на вклучува опција за бришење на содржини од социјалната мрежа Фејсбук туку предвидува нивно означување како лажни, намалување на нивниот досег до корисниците како и предупредување до корисниците кои ја гледаат или пак сакаат да ја споделат дека истата е одбележана како лажна.

 

Кој е одговорен?

Проверката на факти на содржини од Фејсбук ја прави тимот на Вистиномер. Вистиномер е портал за јавна отчетност и транспарентност, кој се бави со проверка на факти во медиумите и тоа и самостојно и во соработка со другите проекти за проверка на факти во рамките на Фондацијата Метмаорфозис. Порталот објавува материјали на три јазици: македонски (vistinomer.mk), албански (vertetmates.mk) и англиски (truthmeter.mk) јазик. Од 2019 година Вистиномер е единствениот лиценциран член на Меѓународната мрежа за проверка на факти од Северна Македонија.

 

 

https://metamorphosis.org.mk/aktivnosti_arhiva/fejsbuk-vo-partnerstvo-so-metamorfozis-i-vistinomer-zapochna-programa-za-proverka-na-fakti-vo-severna-makedonija/

 

mediumski-item-img-1.png

Програма за дигитален активизам

Што е програмата за дигитален активизам? Ширум светот, ширењето на дезинформации е во пораст. Стратешката употреба на онлајн дезинформациите ја поткопуваат демократијата и ги поларизираат општествата. Додека начините за борба против дезинформациите во

mediumski-item-img-1.png

Новинарство за новата генерација: Програма за медиумска обука - продолжение

Фондација Метаморфозис, во партнерство со Меѓународниот центар за новинари (International Center for Journalists – ICFJ) а со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје во периодод од септември 2023 година до јули 2024

mediumski-item-img-1.png

Систем за управување со погрешни информации и дезинформации и новинарски брифинзи

Главна цел на проектот Интегрирање на Системот за управување со погрешни информации и дезинформации во работењето на државните институции, Министерството за здравство и неговите помошни институции и обезбедување поддршка на истите да го