Со поддршка на CIVICUS, а во партнерство со Fundacja TechSoup, Фондацијата Метаморфозис го спроведува проектот Регионален механизам за поддршка, чија цел е зајакнување на граѓанските организации, активистите и неформалните иницијативи преку финансиска и нефинансиска поддршка во дигиталната ера.
Проектот е дел од глобалната Digital Democracy Initiative (DDI) на CIVICUS и има за цел да изгради одржлив и инклузивен екосистем за дигитална демократија во Источна Европа и Централна Азија, особено во услови на стеснет граѓански простор, дезинформации и зголемени дигитални ризици.
Цели на проектот
- Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации и активисти за користење на дигитални алатки за унапредување на демократијата и човековите права;
- Обезбедување флексибилна финансиска поддршка за формални и неформални граѓански актери, вклучително и маргинализирани заедници, преку доделување на 100 грантови (институционални и акциски);
- Развој на регионална мрежа за учење, соработка и солидарност меѓу организации и активисти;
- Поттикнување на инклузивни, локално водени решенија за поддршка и раст на граѓанскиот простор.
Активности во рамките на проектот
Отворени повици за грантови – за организации, неформални групи и активисти кои користат дигитални решенија за демократско учество;
Финансиска поддршка преку:
- Институционални грантови за зајакнување на организациска стабилност;
- Мали грантови за раст и развој на иницијативи на активисти и grassroots организации;
LINK EECA – нефинансиска поддршка, која вклучува:
- Онлајн обуки и менторство преку платформата Hive Mind;
- Регионални и локални мрежи за размена на знаење;
- Експертска поддршка за дигитална безбедност, комуникации и застапување;
Локални центри за градење капацитети (CapHubs) – граѓански организации кои ќе делуваат како регионални јадра за поддршка и вмрежување;
Програма за размена и практично учење меѓу граѓански актери преку едномесечен престој во организација од друга земја;
Регионална конференција Megaphone и e-society.mk, простор за поврзување, учење и заедничко дејствување.
Земји во фокус
Албанија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Грузија, Казахстан, Киргистан, Косово, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Турција и Украина.
Тематски области
- Дигитални права и безбедност;
- Граѓанско учество и дигитален активизам;
- Застапување и јакнење на граѓанскиот простор;
- Инклузија на млади, жени, ЛГБТИ+ заедници и маргинализирани групи.
Времетраење на проектот: 1.12.2025 – 30.11.2026 г.
Проектните активности се насочени кон граѓански организации, активисти и неформални иницијативи кои сакаат да ги унапредат своите дигитални капацитети и да придонесат кон поинклузивна, отпорна и демократска заедница. Учесниците добиваат пристап до финансиска поддршка, експертско знаење, регионални мрежи и можност нивните идеи да прераснат во одржливи и влијателни решенија.


