Центарот за промоција на граѓанското општество (
CPCD) во соработка со партнерите од Албанија, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Германија спроведува тригодишен регионален проект
SMS Facility – Поддршка за малите медиуми од Западен Балкан. Проектот е поддржан од Европската Унија и е посветен на промоција на слободата на медиумите и слободата на изразување во земјите од Западен Балкан.
Целта на проектот е да обезбеди поттикнувачко опкружување и структура за професионалните медиуми и да придонесе кон зајакнување на капацитетите на локалните медиуми, медиумските организации и новинарите за остварување на правото на слобода на изразување и пристап до информации, како и за промоција на медиумскиот плурализам.
Зошто SMS Facility е важен?
На просторот на Западен Балкан постои голем број мали локални медиуми кои се „под радарот“ и на кои им недостасува поддршка. Проблем кој е присутен во сите земји на Западен Балкан е недостатокот на соодветни деловни модели за локалните медиуми. Small Media Support Facility (SMS Facility) е структура креирана „по мерка“, која ќе се занимава со итните потреби на малите медиуми, поврзани со предизвиците во медиумското опкружување, прашањата за внатрешно управување, додека истовремено поддржува професионални стандарди за квалитетни содржини. Локалните медиуми се особено ранливи и занемарени во однос на националните, односно големите медиумски куќи. Од друга страна, токму малите медиуми креираат посебно интересни медиумски содржини и приказни од локалните заедници. Поради тоа, преку овој проект сакаме да создадеме безбедно опкружување и структура за развој на медиумите во рамките на локалните заедници.
Кои се планираните активности и резултати?
Проектните активности се дизајнирани така што ќе го осигураат постигнувањето на посакуваните резултати и цели. Преку распределба на два вида грантови, ќе обезбедиме поддршка и ќе ги зајакнеме малите медиуми во сите 6 земји од Западен Балкан. Покрај финансиската поддршка, преку проектот ќе биде обезбедена и едукативна поддршка во форма на туторијали, работилници, обуки, менторска поддршка, како и пристап до алатки и методологии за самопроценка на организациите. На овој начин ќе овозможиме развој на локалните медиуми. Сите активности ќе бидат промовирани преку медиумите и комуникациските канали на проектните партнери.
Каде ќе се спроведува проектот и колку ќе трае?
Проектот ќе се имплементира во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија во периодот од 08.11.2024 до 07.11.2027.