Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење на инклузивен дигитален екосистем (ABA ROLI)

06.12.2021

Проекти

Општа цел: Да се промовира спроведувањето на Законот за заштита на личните податоци при дизајнирање и испорака на дигитални услуги со цел да се направат побезбедни и подостапни за сите граѓани, особено за членовите на маргинализираните групи погодени од дигиталните јазови.

Специфични цели:

  • Институциите ја подобруваат усогласеноста со Законот за заштита на личните податоци при развивање и обезбедување на е-услуги.
  • Граѓанските организации и новинарите, во улога на мултипликатори, имаат зајакнати капацитети со знаење за правата на приватност на субјектите на податоците. Тие разбираат и споделуваат знаење за тоа како да се спречат прекршувањата поврзани со личните податоци.
  • Обезбедување придонес кон развојот на неформална Мрежа за застапување чија цел е да ја поддржи имплементацијата на Законот за заштита на личните податоци.

Целни групи и корисници:

  • Службеници за заштита на податоци и ИТ професионалци кои работат во владини институции;
  • Агенција за заштита на лични податоци;
  • Активисти на граѓанското општество;
  • Новинари;
  • Граѓаните на Северна Македонија

Проектни активности:

(1) Мапирање на владините е-услуги и проценка на нивната усогласеност со Законот за заштита на личните податоци.

(2) Состаноци за застапување со именувани функционери и високи државни службеници во институциите со цел да се подигне свеста за наодите од истражувањето и да се залага за интегрирање на заштитата на личните податоци при дизајнирање и испорака на е-услуги.

(3) Менторирање на владините институции во процесот на развивање политики и процедури за приватност, како и за спроведување на проценки за влијанието врз приватноста, како алатки кои директно ќе придонесат за нивната целосна усогласеност со Законот за заштита на личните податоци.

(4) Спроведување обуки за активистите на ГО, службениците за заштита на податоци и ИТ-професионалци во мапирани институции за предизвиците на ИКТ, вештачката интелигенција и управувањето со ризици поврзани со заштитата на приватноста.

(5) Подготовка и објавување наративни написи за правото на заштита на лични податоци, вештачка интелигенција и одговорно користење на дигитални услуги.

(6) Активности за вмрежување кои ќе ги обединат актерите од граѓанското општество, новинарите и државните службеници преку серија јавни и затворени настани за застапување.

Период на реализација: 1.11.2021-31.08.2022

Донатор: Американска адвокатска комора – Иницијатива за владеење на правото (ABA ROLI – American Bar Association – Rule of Law Initiative)

mediumski-item-img-1.png

ИНТЕГРАЦИЈА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЕДИНСТВЕНИОТ ДИГИТАЛЕН ПАЗАР НА ЕУ

ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ: Унапредување на стандардите за дигиталните права во регионот на Западен Балкан и придонесување за негова успешна интеграција во Единствениот дигитален пазар на ЕУ. ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ: Развој и примена на заедничка

mediumski-item-img-1.png

Заштита на човековите права во ера на вештачка интелигенција

Општата цел на проектот „Заштита на човековите права во ерата на вештачка интелигенција“ е да придонесе кон заштита на човековите права во политиките поврзани со вештачката интелигенција. Специфични цели: Подигнување на јавната свест

mediumski-item-img-1.png

Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење на инклузивен дигитален екосистем (ЕУ)

РЕЗИМЕ НА ПРОЕКТОТ ОБЛАСТ – Заштита на лични податоци Наслов на проектот – Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење на инклузивен екосистем Вид на договор/ Категорија – 2021/429-271 ИПА компонента/