Главна цел на проектот е да се овозможи одржлива и инклузивна имплементација и планирање на обврските во рамки на процесот на Партнерство за отворена власт (ПОВ) преку поддршка на спроведувањето на постојните мерки и зајакнување на процесот на ко-креирање за претстојниот Национален акциски план за ПОВ 2027–2029 година.
Специфични цели се:
- Обезбедување експертска и процесна поддршка за подготовка на подзаконски акти поврзани со финансиското известување на политичките партии, предвидени во заложбата 4.1. „Дигитализација на процесите за финансиска транспарентност и отчетност“ од тековниот Национален акциски план на ПОВ 2024–2026 година.
- Поддршка на процесот на ко-креирање со повеќе засегнати страни преку инклузивен и структуриран процес за подготовка на Националниот акциски план за ПОВ 2027 – 2029, со активно учество на граѓанските организации и другите чинители.
Очекувани резултати:
Ко-креирани подзаконски акти за транспарентно финансиско известување на политичките партии и ко-креиран Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2027 – 2029 година.
Проектни активности:
- Ангажирање на експерти преку отворен повик за да ги изработат подзаконските акти и да го подготват Националниот акциски план (НАП), кој ќе се развива преку инклузивен процес со учество на повеќе засегнати страни;
- Одржување на работилници за подготовка на подзаконски акти со институциите надлежни за спроведување на заложбата „4.1 Дигитализација на процесите за финансиско известување на политичките партии“ кои ќе се одржат во просториите на Министерството за финансии;
- Одржување на консултативни работилници со политички партии и со релевантни институции и граѓански организации во просториите на Министерството за финансии;
- Подготовка и доставување на подзаконските акти и доставени до Министерството за финансии за усвојување;
- Одржување на тематски работилници во различни региони на земјата, со цел да се обезбеди придонес во НАП врз основа на потребите на граѓаните;
- Подготовка на тематски медиумски статии по завршување на работилниците, кои ќе вклучуваат интервјуа со различни засегнати страни за потребите на граѓаните на одредена тема, препораки од работилниците и предложени решенија;
- Подготовка на документ за позиционирање за ПОВ кој ќе послужи како основа за идно развивање на Стратегијата на ПОВ за земјата;
- Подготовка и поднесување на завршен извештај до Секретаријатот за ПОВ.
Времетраење на проектот: ноември 2025 – октомври 2026 (12 месеци)
Финансиски поддршка: Секретаријат за Партнерство за отворена власт
Партнери на проектот: Фондација Метаморфозис (водечка организација) и Центар за граѓански комуникации


