Добро владеење
Добро владеење е начинот на кој јавните институции се справуваат со јавните прашања и управуваат со јавните средства. Владеење е процесот на донесување одлуки и процесот во кој одлуките се имплементирани или не се имплементирани.
Метаморфозис работи на подигнување на свеста на креаторите на мислења и носителите на одлуки на национално и регионално ниво преку собирање на локални и странски експерти и локални новинари, политички претставници и други релевантни заинтересирани страни на предавања, конференции, семинари, отворени дебати и онлајн форуми.
Воедно, Метаморфозис им помага на институциите со решенија и консултации за ИКТ за развој на е-услуги со цел подобрување на нивната соработка со граѓаните и поттикнување на вклучувањето на граѓаните во дебати за јавни прашања.
Потпрограми во рамките на оваа програма се: Транспарентност и отчетност и е-Владеење.

Проекти од програмата: Добро владеење
Публикации од оваа програма
- Процена на доброто владеење на законодавната власт во Северна Македонија и регионот преку Индекс на отвореност 2023
- Процена на доброто владеење на законодавната власт во Северна Македонија и регионот преку Индекс на отвореност 2024
- Процена на доброто владеење на извршната власт во Северна Македонија и во регионот преку Индексот на отвореност
- Стратегија за транспарентност на Владата со Акциски план 2023-2026 година