Мени

Едукација за иновации

Денеска граѓаните живеат во општества што вклучуваат разновидни и многустрани средини. Светот се претвори во една комплексен збир од физичка реалност, технологии, дигитални медиуми и социјални мрежи. Во еден таков свет, граѓаните се соочуваат со нова низа предизвици и можности и живеат, дејствуваат и прават избори како дигитални граѓани. Метаморфозис препознава дека на денешните граѓани, со сите нивни многубројни капацитети, им е потребно образование кое ќе им понуди низа вештини што се суштествени за компетентно справување со сложеноста на модерниот живот. Активностите што се во рамки на оваа програма ќе придонесат за постигнување на целите на Дигиталната агенда за Западен Балкан на Европската Комисија, а тие се: поддржување на транзицијата во регионот во однос на дигиталната економија и чувствување на придобивките од дигиталната трансформација како што се поголем економски развој, повеќе работни места и подобри услуги.