ACTION SEE – Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа
Доброто владеење е клучно за владеењето на правото. И додека прашањата поврзани со корупција, транспарентност, владеење на правото и добро владеење постојано се во вниманието, сепак постои недостаток на разбирање и системски проблеми кои не добиваат доволно покривање. Проектот цели кон подигање на важноста на овие предизвици преку овозможување на соработка помеѓу граѓанските организации и здружени стратешки напори за застапување.
Проектот ACTION SEE е создаден врз основа на искуствата на партнерите во проектот од сите инволвирани земји стекнати преку имплементација на проекти на национално, регионално и меѓународно ниво со цел да се зајакнат граѓанските организации за поефикасно и значајно вклучување на процесот на креирање политики.
ACTION SEE овозможува платформа за дијалог меѓу важните чинители и конкретна алатка за мерење на придржувањето на државните институции кон принципите и стандардите на отворена влада (индекс на отвореност).
Целта на проектот е зголемување на вклученоста на граѓанското општество и медиумските организации во креирањето на јавното мислење, креирањето политики и учество во механизмите за донесување одлуки, како и зголемување на капацитетите на граѓанското општество да адресира чувствителни прашања.
Специфични цели на проектот:
- Промовирање на динамично граѓанско општество кое ефикасно ги мобилизира граѓаните за активно вклучување во прашања поврзани со владеење на правото и доброто владеење и влијае на политиките и процесите на донесување на одлуки на национално и регионално ниво.
- Зајакнување на механизмите за дијалог помеѓу граѓанските организации и владините институции и влијание на доброто владеење и реформите на јавната администрација.
- Поттикнување на вмрежување на граѓанските и медиумските организации на регионално ниво и ниво на ЕУ, овозможувајќи размена на знаење, вештини и врски и зголемување на влијанието на нивните напори за застапување.
Координатор на проектот:
Фондација Метаморфозис
Македонија
Веб-страница: www.metamorphosis.org.mk
Партнерски организации:
Westminster Foundation for Democracy
Велика Британија
Веб-страница: www.wfd.org
CRTA – Center for Research, Transparency and Accountability
Србија
Веб-страница: www.crta.rs
Citizens Association Why not?
Босна и Херцеговина
Веб-страница: http://zastone.ba
Center for Democratic Transition
Црна Гора
Веб-страница: www.cdtmn.org
Open Data Kosovo (ODK)
Косово
Веб-страница: http://opendatakosovo.org
Levizja Mjaft!
Албанија
Веб-страница: www.mjaft.org
Овој проект е имплементиран со финансиска поддршка на Европската Унија.
- Статус
- ongoing
Активности
Публикации од овој проект
- Анализа на отвореноста на локалната самоуправа во Македонија и регионот
- Визуелизација – oтвореност на локалната власт во регионот и во Македонија
- Визуелизација – регионалната отвореност на институциите од Западен Балкан
- Визуелизација – oтвореност на извршната власт во регионот и во Македонија
- Визуелизација – oтвореност на извршната власт во регионот и во Северна Македонија
- Визуелизација – oтвореност на локалната власт во регионот и во Северна Македонија
- Визуелизација – oтвореност на собранијата во регионот и во Македонија
- Визуелизација – oтвореност на собранијата во регионот и во Северна Македонија
- Визуелизација – oтвореност на судската власт во регионот и во Македонија
- Визуелизација – oтвореност на судската власт во регионот и во Северна Македонија
- Колку владите на Западен Балкан се посветени на политиките за отвореност и транспарентност
- Колку просечно се отворени министерствата на Западен Балкан?
- Колку се отворени владите на Западен Балкан?
- Колку се отворени парламентите на Западен Балкан?
- Објавен Мониторинг на медиумите – Анализа на медиумските содржини поврзани со добро владеење
- Објавен Регионалниот План за добро владеење за земјите од Западен Балкан
- Отвореност на Собранијата во регионот и Македонија
- Отвореност на судските органи во регионот и Македонија
- Предлози за подобрување на моменталната состојба – Отвореност на институциите на извршната власт во регионот и Македонија
- Препораки за подобрување на состојбата – Отвореност на институциите на извршната власт во регионот и во Република Северна Македонија
- Препораки за подобрување на состојбата – Отвореност на институциите на извршната власт во регионот и Македонија
- Препораки за подобрување на состојбата – Отвореност на институциите на судската власт во регионот и во Македонија
- Препораки за подобрување на состојбата – Отвореност на локална власт во регионот и во Македонија
- Препораки за подобрување на состојбата – Отвореност на локална власт во регионот и во Северна Македонија
- Препораки за подобрување на состојбата – Отвореност на Собранијата во регионот и во Македонија
- Препораки за подобрување на состојбата – Отвореност на Собранијата во регионот и во Северна Македонија
- Препораки за подобрување на состојбата – Отвореност на судската власт во регионот и во Северна Македонија
- Проценка на доброто владеење во Северна Македонија и регионот преку Индексот на отвореност – Собрание и извршна власт – мерење за 2021
- Регионален сеопфатен план за добро владеење на Западен Балкан
- Сеопфатен план за добро владеење за државните институции во Република Македонија
- Сеопфатен план за добро владеење за државните институции во Република Македонија – 2018
- Сеопфатен план за добро владеење за државните институции во Република Северна Македонија – 2019
- Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија (2019-2021)







