ИНТЕГРАЦИЈА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЕДИНСТВЕНИОТ ДИГИТАЛЕН ПАЗАР НА ЕУ

Овој проект е од програмата: Одговорна дигитална трансформација

ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ: 

Унапредување на стандардите за дигиталните права во регионот на Западен Балкан и придонесување за негова успешна интеграција во Единствениот дигитален пазар на ЕУ. 

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ: 

  • Развој и примена на заедничка стратегија за застапување за соодветно усогласување и заштита на човековите права во дигиталниот контекст, фокусирајќи се на пристапот со вклучување на повеќе засегнати страни. 
  • Зајакнување на капацитетите на граѓанското општество, медиумските организации и релевантните државни чинители во шесте земји од WB6 за вклучување во регулаторните процеси поврзани со дигиталните права и следење на имплементацијата на релевантното законодавство. 
  • Подигање на свеста и поттикнување на дијалог и размена меѓу јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор за прашања врзани со дигиталните права, со посебен фокус на влијанието на Законот за дигитални услуги (DSA) и Законот за дигитални пазари (DMA) во WB6. 

ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ: 

  • Истражување поврзано со имплементацијата на Законот за дигитални услуги (DSA) во WB6 и следење на тековните случувања и имплементацијата на Законот за дигитални услуги (DSA) и Законот за дигитални пазари (DMA) во ЕУ. 
  • Работилница за стратешко застапување на партнерските организации за размена на идеи за имплементација на проектот и креирање на заеднички пристап за застапување насочен кон граѓаните, државниот и приватниот сектор. 
  • Работилница за локалните граѓански организации, медиумски организации, проверувачи на факти и активисти за спецификите на секоја од земјите и прилагодување на пристапот за застапување на локалниот контекст. 
  • Состаноци со националните чинители за да се презентираат целите и активностите на проектот, да се нагласи важноста од адекватна имплементација на Законот за дигитални услуги (DSA) и Законот за дигитални пазари (DMA) во земјите на WB6 и предностите на пристапот со вклучување на повеќе засегнати страни. 
  • Обука за граѓански организации и медиумски организации за учество во регулаторните процеси и мониторингот. 
  • Работилница за градење капацитети и/или брифинг за Законот за дигитални услуги (DSA)  и Законот за дигитални пазари (DMA) за релевантните институции. 
  • Организирање на сесија за Законот за дигитални услуги (DSA) во рамките на годишниот јавен настан на секоја од партнерските организации. 
  • Организирање на јавна кампања за промовирање на проектните активности, проширување на напорите за застапување и дополнително подигање на свеста за важноста на заштитата на човековите права во дигиталниот свет. 

ПЕРИОД НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА: 15 јуни 2024 – 14 јуни 2025 

ДОНАТОР: Фондации Отворено општество – Западен Балкан 

ПАРТНЕРСКИ ОРГАНИЗАЦИИ: Партнери Србија (Србија); Фондација Метаморфозис (Северна Македонија); Зошто не? (Босна и Херцеговина); НВО 35 mm (Црна Гора); Women in Tech Kosovo (Косово); Институт за демократија и медијација (Албанија). 

Статус
ongoing

Активности

Публикации од овој проект