Искористување на технологијата за промовирање на институционална одговорност и транспарентност

Овој проект е од програмата: Општествена одговорност

Целта на проектот е да се промовира отвореноста и транспарентноста на законодавната и извршната власт во Југоисточна Европа.

Во рамките на овој проект, Мрежата за отчетност, технологија и институционална отвореност во Југоисточна Европа спроведува годишно истражување за отвореноста на извршните и законодавните институции во регионот на Западен Балкан. Истражувањето се спроведува преку регионалниот Индекс на отвореност врз основа на кој утврдуваме до кој степен властите во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија ги објавуваат информациите од јавен карактер во доменот на нивната работа.

Целта на активноста е да даде анализа на состојбите во овој домен на работата на јавната администрација, да придонесе за спроведување на реформите и да влијае на зајакнувањето на принципите на добро менаџирање, за да на крај да им помогне на самите институции поефикасно да ги применат во нивната работа. Мониторингот на институционална отвореност првпат беше спроведен во 2017 година и оттогаш се спроведува редовно.

На следната веб-страница можете да најдете повеќе детали за досегашните резултати од мерењето на отвореноста на институцијата.

Временска рамка: 1.11.2024 – 31.10.2026

Донатор: National Endowment for Democracy – NED

Партнери:

Центар за демократска транзиција
Црна Гора
Веб-страница: www.cdtmn.org

Партнери за демократски промени Србија
Србија
Веб-страница: https://www.partners-serbia.org/

Здружение на граѓани Зошто да не?
Босна и Херцеговина
Веб-страница: http://zastone.ba

Статус
ongoing

Активности

Публикации од овој проект