ПАРИ, МЕДИУМИ и ИЗБОРИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Овој проект е од програмата: Општествена одговорност

Очекувани резултати:

· Подобро разбирање на практиките на платено политичко рекламирање на онлајн медиуми и усогласување со постоечките регулаторни рамки меѓу заинтересираните изборни страни

· Застапувањето и споделувањето информации ја зголемуваат свеста и прифаќањето на препораките за зајакнување на онлајн медиумската средина меѓу заинтересираните страни

 

Проектни активности:

·Методологија за следење на изборното покривање на онлајн новинарски портали за време на изборните процеси и листа на портали кои треба да се следат

· Необработени податоци, прелиминарен мониторинг извештај, нацрт мониторинг извештај, конечен мониторинг извештај, вклучувајќи и препораки и насоки за политика, како и дигитално објавување на конечниот извештај

·Најмалку 12 новинарски статии, вклучувајќи проверки на факти кои ги разоткриваат прекршувањата на Кодексот за однесување за време на изборниот период и статии за последиците и изборните реформи поврзани со активностите за застапување на проектот, како и две истражувачки стории за влијанието на финансирањето на кампањата, транспарентноста и отчетноста на трошењето јавни пари за изборни активности

·Документ за јавни политики за користење на државните средства за кампања на интернет портали и рамката на политички финансии

·Документ за јавни политики за промовирање на инклузивно покривање на жените во онлајн медиумите за време на изборите

· Документ за јавни политики за промовирање на фер, избалансирано и непристрасно претставување на ранливи групи во онлајн медиумите за време на изборите

·Најмалку една вест/најава за секој главен производ (извештаи, документи за јавни политики, настани, емисии) произведена и преведена на македонски, албански и англиски јазик и распространета преку медиумите, пошироката медиумска мрежа и преку социјалните медиуми

· Креирани и емитувани три говорни емисии

· Одржани четири брифинзи за новинари

 

Времетраење на проектот: 15 април 2024 – 28 февруари 2025

Проектот “Пари, медиуми и избори во Северна Македонија” е поддржан од страна на Министерството за надворешни работи, Комонвелт и развој (FCDO) на Владата на Обединетото Кралство и се спроведува од страна на Меѓународната фондација за изборни системи (IFES) и Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, Скопје.

 

Статус
ongoing

Активности

Нема активности во овој проект.