Проект и обуки за дигитална безбедност

Овој проект е од програмата: Едукација за иновации

Целта на проектот беше да се оспособат претставниците на граѓанските организации и медиумите во полето на дигиталната безбедност и приватност. Тимот на Метаморфозис го процени нивото на знаење за дигиталната безбедност и приватност кај граѓанските организации и медиумите, како и нивното целокупно ниво на безбедност. Понатаму, преку онлајн обуки и вебинари, проектот им овозможи на учесниците да ги зголемат своите вештини и свесност за дигиталната безбедност и приватност со конкретни алатки и пристапи што ќе ги користат во нивната работа. Исто така, проектот придонесе за внесување на вештините за  дигитална безбедност и иновации фокусирани на корисниците во граѓанските организации. Проектот е реализиран во партнерство со проектот Information Safety & Capacity (ISC) .

 

Временска рамка

Од јуни до септември 2020

 

Резултати од проектот

  • Во периодот од јуни до септември 2020 година се одржаа 10 онлајн обуки и 10 вебинари на кои учествуваа 31 граѓанска организација со вкупно 120 учесници
  • Одржани се голем број сесии со над 20 граѓански организации каде на учесниците им беше помогнато да научат да применуваат алатки и политики за подобро ниво на безбедност.
  • Во соработка со TechSoup Северна Македонија, вкупно 13 нови граѓански организации се здобија со софтверски лиценци за нивниот OS и Office софтвер, како и 130 лиценци за антивирусен софтвер
  • Креиран е и постер со совети за дигитална безбедност
  • Веб-страницата за Дигитална прва помош е пуштена во употреба
Статус
ongoing

Активности