Брз одговор на дезинформации за вакцините

Овој проект е од програмата: Интегритет на медиумите и информациите

Име на проектот: Брз одговор на дезинформации за вакцините

Цели на проектот

  • Да се зголеми производството и споделувањето на проверени и едукативни медиумски содржини (насочени кон медиумски професионалци и општа публика);
  • Барање транспарентност од властите и олеснување на соработката со медиумите и граѓанското општество;
  • Овозможување директна соработка помеѓу новинари, медицински професионалци и други засегнати страни.

 

Целни групи

Медиумски професионалци

Национални, регионални, локални медиуми кои информираат преку различни платформи

Јавни и државни институции од здравство

Здравствени работници

Генералната публика/граѓаните на РСМ

Очекувани резултати

  • Зголемена продукција на проверени и едукативни медиумски содржини од областа на здравството
  • Подобрена транспарентност од властите кон граѓаните
  • Подобрена комуникација меѓу властите и здравствените работници и медиумските професионалци

 

Проектни активности

Продукција на текстови со кои ќе се проверуваат факти и објаснувачки статии (теми) од областа на здравството и вакцинацијата;

Спроведување на вебинари за медиумските професионалци на теми од нивни интерес за поквалитетни содржини и подобра комуникација со својата публика;

Обезбедена онлајн платрофма со која ќе се споделуваат брзи и кратки информации за здравствените состојби во земјата со акцент на вакцинацијата ии состоојбата со Ковид-19;

Промоција на специјализираните содржини прилагодена за националната и локалната публика преку веб-страници на медиуми, социјални медиуми и преку воспоставување јавен канал за анти-дезинфо Информации (ADC);

Изготвување и објавување на извештај кој ќе содржи научени лекции и препораки за проверувачи на факти заинтересирани за репликација

 

Времетраење на проектот:  1 јуни 2021 – 31 јануари 2022

 

Финансиска поддршка:  Балкански фонд за демократија

 

Партнери:

Владата на РСМ

Асоцијација на специјализанти и млади лекари

Медиумите: Дума.мк; Дрнка.мк; Кумановоњуз.мк; Аберџија.мк; ТВМ.мк; Апла.мк и Нистори.ком

 

 

Статус
ongoing

Активности

Публикации од овој проект