Промовирање на националната стратегија за развој на информатичкото општество во Македонија, истакнување на приоритетните проекти наведени во Акциониот план и барањето поддршка во процесите на нивно спроведување, се основните цели што произлегоа од вчерашната прва меѓународна конференција „и-Македонија 2005“.

– Како и во случајот на ЕУ, определбата на македонското општество е движење кон градење единствен информациски простор, кон иновации и инвестиции во информатичката и комуникациска технологија и кон подобар квалитет на живот на сопствените граѓани – рече претседателот Бранко Црвенковски, кој е покровител на конференцијата.

Според Црвенковски Македонија е првата држава во светот со ваква големина што е целосно поврзана со безжичен интернет.

– Информациските и комуникациските технологии се основа за транспарентно владеење на сите нивоа, за ефикасна и одговорна влада. Националната стратегија за информатичко општество во Македонија, се темели токму на овие принципи. Со Националната стратегија Македонија успеа да формира сопствен Акциски план за остварување поголем економски раст и поголемо вработување – рече Фроде Мауринг  од УНДП.

Тој рече дека УНДП и понатаму целосно ја поддржува Македонија во градењето информатичко општество.

Време