Премиерот Владо Бучковски се надева дека со новиот систем на електронска подготовка и водење на седниците на Владата ќе се овозможи поголема ефикасност, економичност и транспарентност

Стотата јубилејна седница Владата ја одбележа со промовирање на концептот на е-Влада. Премиерот Владо Бучковски се надева дека со новиот систем на електронска подготовка и водење на седниците на Владата ќе се овозможи поголема ефикасност, економичност и транспарентност. Владата верува дека со тоа ќе се намалат трошоците во подготовка на седниците, а одлуките ќе и бидат достапни на јавноста.

Бучковски посочи дека новиот систем е основа за трансформација во работата на Владата и на начинот дејствување на државните службеници. Проектот е-Влада е во рамките на Договорот за стратегиско партнерство потпишан меѓу Владата и „Мајкрософт“.   

Извор: Утрински весник