Само неколку часови откако корисниците започнаа со обезбедување на своите домашни компјутери со главната надградба за Виндоус ХП, експертите за безбедност веќе пронајдоа заобиколен пат…
Само неколку часови откако корисниците започнаа со обезбедување на своите домашни компјутери со главната надградба за Виндоус ХП, експертите за безбедност веќе пронајдоа заобиколен пат.
Сервис пакетот 2 (СП2) го прави оперативниот систем Виндоус ХП помалку атрактивен за креаторите на вируси и злобните хакери со тоа што ги затвора дупките кои беа користени досега. Но, истражувањата на компаниите за безбедност Секунија (Secunia) и на германската Хајзе (Heise) покажаа дека, сепак, некои дупки останале отворени.
Мајкрософт објави дека истражуваат еден од нивите багови, но и дека ниту еден корисник не бил нападнат преку оваа дупка. Багот што го проверуваат во Мајрософт им дозволува на штетните програми да се сокријат во вид на слики кои автоматски се инсталираат и потоа се стартуваат по повторното стартување на Виндоусот.
Минатата недела на своите сервери за автоматско надградување Мајкрософт го стави сервис пакетот 2 само за корисниците на домашната верзија на Виноус ХП. СП2 им овозможува на корисниците од едно место да го контролираат софтверот за антивируси, фајрволи и надградби за ХП, како и блокирање на поп-ап прозорци и предупредувања за опасностите од додатоците на електронската пошта. Исто така, СП2 врши некои дотерувања во ХП за да го направо помалку ранлив од нападите на баговите кои ги користат вирусите и другите штетни програми.
Но, експерт за безбедност при Секунија ја лиферува информацијата дека во интернет експлорерот постои баг којшто, според него, може да „инфилтрира егзекутивен фајл во стартната папка кој се активира самоволно“. Рестартирањето на системот ја активира инфилтрираната програма. Багот работи на системи на кои е инсталиран сервис пакетот 2.
Демонстрација за тоа како работи багот можете да најдете овде.
Tags: Стари написи