На 14 јануари, 2010 г., во Бугарија ќе се одржи протест пред Собранието против Законот за задржување на податоците кој бугарското Министерство за внатрешни работи тврдоглаво продолжува да го турка.
На 10 декември 2009 година, Собранискиот Комитет за внатрешна безбедност и јавен ред зад затворени врати ги одобри измените и дополнувањата на Законот за електронски комуникации предложени од страна на Министерството за внатрешни работи и на 22 декември, 2009 г. измените и дополнувањата беа усвоени по првото читање на итен состанок на Собранието и покрај големото противење на јавноста и медиумите.
Предложените измени и дополнувања содржат одредби со кои им се овозможува на Министерството за внатрешни работи и на други агенции постојано и неконтролирано да го следат однесувањето, движењето и други информации на кој било бугарски граѓанин, без оглед дали сторил кривично дело или не. Со овие одредби се прекршува начелото за пресумпција на невиност утврдено со Уставот, како и европското законодавство за човекови права.
Така, Министерството за внатрешни работи ќе има пристап до податоците за разговорите и мобилните уреди на секој граѓанин преку директен интерфејс. Иако е потребен судски налог за да се добие пристап, не постои обврска да се обезбеди причина за пристапот. Преку интерфејсот, агенциите имаат директен пристап до општата национална база на податоци со сите телекомуникациски записи.
Една од главните одредби е дека податоците од сообраќајот треба да се чуваат за сторители на кривични дела санкционирани со повеќе од 2 години затвор. Овие податоци од телекомуникацискиот сообраќај може да се користат и во врска со компјутерскиот криминал, каде би можел, во блиска иднина, да припадне и сè уште неодредениот поим за компјутерска пиратерија.
Дури и министерот за внатрешни работи Цветан Цветанов прифати дека: „Нема друга земја-членка на Европската унија, која им обезбедува таков пристап на своите полициски сили, го прекршува членот 8 од Европската конвенција за човекови права, како и бугарскиот устав, и исто така призна: „Според сегашниот предлог, граѓаните немаат право да бараат информации за тоа дали нивните комуникациски податоци биле предмет на истрага“.
Вени Марковски, шеф на членот на ЕДРИ, Бугарско интернет општество, ги критикуваше измените и дополнувањата, предупредувајќи за недостатокот на контрола врз телата кои ќе имаат пристап до задржаните податоци. „Министерот за внатрешни работи Цветан Цветанов рече дека тие бараат да се користи судско одобрение пред да се користат задржаните податоци, но проблемот е во тоа што полицијата ќе има постојан пристап до податоците што поминуваат преку системот на давателот на услуги, без негово знаење. Со други зборови, ако сакаат да го користат ова на суд, ќе добијат дозвола од судот. Но, доколку сакаат да го користат за нешто друго, контрола, уцена, економски интереси, нема да им треба дозвола од судот“, изјави Вени.
Официјално протестно писмо беше составено јавно, за кое се водеше јавна дискусија и беше поставено на групата на Фејсбук „Не сакаме Министерството за внатрешни работи да нè прислушува на интернет без контрола“.
The eyes have it (18.12.2009)
http://www.sofiaecho.com/2009/12/18/831890_the-eyes-have-it
Bulgaria is not Big Brother, 2010 is not 1984 (7.01.2010)
http://bogomil.blogactiv.eu/2010/01/07/bulgaria-is-not-big-brother-201…
Electronic Communication Act amendments for first reading in Parliament (22.12.2009)
http://sofiaecho.com/2009/12/22/834248_electronic-communication-act-am…
I would not mind others reading my email – Speaker of Parliament (6.01.2010)
http://sofiaecho.com/2010/01/06/838401_i-would-not-mind-others-reading…



