ЦВС Фармаси (CVS/pharmacy) ја промовира новата линија на ЦВС дигитална камера за еднократна употреба…

ЦВС Фармаси (CVS/pharmacy) ја промовира новата линија на ЦВС дигитална камера за еднократна употреба. Оваа камера е прва камера за еднократна употреба во светот со ЛЦД екран кој им овозможува на корисниците целосен преглед во фотографирањето.

           

ЦВС дигитална камера за еднократна употреба со преглед на сликите е базирана врз PDI платфрмата (Pure Digital Imaging Platform) и вклучува 1.4 инчен ЛЦД екран кој овозможува преглед и бришење на сликите, односно им овозможува на корисниците да сликаат и да бришат сè додека не ја добијат саканата фотографија. Други функции се целосно автоматизиран блиц и тајмер од 10 секунди. Втората камера, ЦВС дигитална камера за еднократна употреба со опцијата за бришење на фотографии ги нуди истите можности, но нема ЛЦД екран. И двете камери можат да соберат 25 слики со одличен квалитет и двете можат целосно да се рециклираат по пренесувањето на сликите.