Следејќи ја агендата на ССИО (Светски самит за информатичко општество) кој се одржа во Тунис во ноември 2005г., заинтересираните ќе одржат состанок во Женева на 16 и 17 февруари на кој преку дијалог на сите вклучени страни ќе се разгледува управувањето на ФУИ (Форум за управување со интернет). Состанокот во Женева има за цел да се разгледаат рамките и приоритетите на Форумот, како и неговата програма и карактер. Владата на Грција ќе биде домаќин на Форумот во 2006 година, најверојатно во лето ова година.

Форумот беше предложен од Генералниот секретар на ОН за да се разреши најконтроверзното прашање околу кое најмногу се дебатираше за време на ССИО во Тунис – прашањето за управување со интернет. (прогледни ЕДРИ-Грам 3.23)

Иако одлуките на Форумот не се обврзувачки и нема моќ за донесување на одлуки, се очекува тој да има големо влијание и да понуди најдобри решенија за различни прашања, како што се безбедноста и достапноста на интернетот.

Многу е веројатно Форумот да предизвика контроверзии затоа што некои влади, особено владата на САД, ја искажаа својата намера да ја задржат сегашната ситуација со управувањето со интернетот.
Лидерот на делегацијата на САД на ССИО во Тунис, Дејвид Грос, амбасадор на Бирото за економски и деловни работи при Министерството за надворешни работи на САД, претходно во едно интервју изјави дека интернетот треба и понатаму да виде управуван од приватниот сектор во систем од горе-надолу.

Од друга страна пак, некои влади, а особено Меѓународната телекомуникациска унија (МТУ), се надеваат ФУИ да преземе дел од моќта на ИКАНН (Интернет-корпорација на доделени имиња и броеви) и Владата на САД.

Состанокот во Женева треба да го подготви настанот кој несомнено ќе биде многу значаен.

Форум за управување со интернет

ОН ќе организираат консултации за ново тело за управување со интернет (12.01.2006)

Се формира Форум за управување со интернет (12.01.2006)

ОН се подготвуваат за воспоставување на група за интернет (13.01.2006)

Во февруари во Женева консултации за Форум за управување со интернет (француски,13.01.2006)