Институционална и општинска комуникација на Фејсбук и официјалните страници за време на изборната кампања за локалните избори 2025 година во Северна Македонија

04.02.2026
Преземи
Симнувања: 4

Овој извештај ги претставува резултатите од мониторингот на комуникацијата на јавните институции и општините на социјалните медиуми и официјалните веб-страници за време на изборната кампања за локалните избори во 2025 година во Северна Македонија. Мониторингот имаше за цел да оцени како јавните институции комуницираа со граѓаните во дваесетте дена пред првиот изборен круг, со фокус на усогласеноста со Изборниот законик и принципот на институционална неутралност.

Овој извештај придонесува кон поширока иницијатива насочена кон проценка на потенцијалната злоупотреба на административните ресурси. Во рамките на оваа иницијатива, 70 набљудувачи од 10 организации на граѓанското општество (ГО) спроведоа мониторинг во 26 општини со цел да се оцени присуството на практики кои вклучуваат користење на јавната функција, активности или ресурси за време на локалните избори во 2025 година на начин кој би можел да влијае врз еднаквоста и правичноста на изборната конкуренција[1].

Овој извештај ги дополнува претходно споменатите активности, а неговите наоди покажуваат дека јавните институции, како на централно, така и на локално ниво, често ги користеле своите официјални канали за комуникација за промотивни цели кои многу наликувале на изборни пораки. Речиси 60 отсто од анализираната содржина на Фејсбук во 26 општини и 10 централни институции имала промотивен карактер, додека само 40 отсто биле неутрални информативни објави.

[1] Прелиминарен извештај за мониторинг активностите на граѓанските организации и поврзаните активности е достапен на линкот: https://electoralsupportprogramme.mk/wp-content/uploads/2025/11/Preliminary-report-MAR-Eng.pdf