Ефектот на дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси во Северна Македонија во 2025 година


Изборниот систем ваков каков што е сега, е сериозен извор на кризи во Република Македонија. Ова е генералниот заклучок од истражувањето на Фондацијата Метаморфозис во рамките на регионален проект за оцена на исполнувањето на политичките критериуми за пристапување на земјите од Западен Балкан кон Европската унија.
Истражувањето кое е правено врз база на претходно развиена прецизна методологија и со помош на интервјуа со експерти, покажа дека во изборниот систем во Македонија треба да се сменат повеќе работи – од промена на моделот на шест изборни единици во една, преку промени во начинот на оформување на избирачкиот список, до промени во делот медиуми и избори, вграден во изборното законодавство.
Целосното истражување можете да го погледнете на следниот линк.
Препораките произлезени од истражувањето се следни:
Истражувањето е прво од петте што се планирани во рамките на регионалниот проект „Западен Балкан и процесот на пристапување во ЕУ: Примена на политичките критериуми“, што го води Центарот за демократска транзиција од Подгорица, Црна Гора. Следните истражувања ќе се однесуваат на реформите во правосудството, на борбата против оргнизираниот криминл и корупцијата, на реформата во медиумскиот сектор и на реформата во јавната администрација.
Проектот е подржан од Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград, и од Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД.