Овозможувачи и поттикнувачи на странско мешање и манипулирање со информации за време на изборите во Северна Македонија

17.11.2025
Преземи
Симнувања: 338

Северна Македонија е интересна студија на случај за подобро да се разбере манипулациите со информациите и мешањето од странство (ФИМИ); и каква улога во оваа смисла имаат ранливоста во демократијата и медиумите, општествените поделби и домашните актери. И покрај формалните заложби за демократски реформи и интеграција во ЕУ, земјата и понатаму е ранлива на корупција, а правните празнини, во комбинација со поларизацијата и етничките поделби, создаваат политизиран медиумски пејзаж. Како и во многу други земји, во Северна Македонија има моќен дигитален информативен простор на кој му недостасуваат надзор и транспарентност.

Овој извештај ги разгледува овозможувачите и поттикнувачите кои ја прават Северна Македонија да биде особено подложна на ФИМИ: недостатоците во политичкото финансирање, ниското ниво на отпорност на медиумите и координираните кампањи за дезинформации кои се усогласени со стратешки интереси на странски држави. Извештајот исто така ја потенцира улогата на граѓанското општество како потенцијален бафер против манипулациите и ја нагласува итната потреба од координиран одговор целото општество за заштита на демократските процеси и јавната доверба.