Ефектот на дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси во Северна Македонија во 2025 година


Фондацијата „Метаморфозис“ и Мрежата против дезинформации за Балканот (АДН-Балканс) низ интердисцилинарен процес на широки консултации преку соработка со меѓународните и регионални партнери, во кои спаѓа и меѓународната конференција „Заедно за вистината: Сеопфатен пристап на целото општество за заштита на демократијата“ одржана во април 2025 во Скопје, изработи Документ за позиција во форма на Патоказ за заштита на демократијата од информациски закани.
Системската злоупотреба на информацискиот простор преку дезинформациски кампањи ја зголемува ерозијата на јавната доверба што ја доведува до криза на демократскиот систем. Западниот Балкан, како еден од најранливите региони во Европа, се соочува со сериозни предизвици во зачувувањето на интегритетот на демократските институции и процеси, поради отсуството на регулатива усогласена со европските стандарди и недостаток на координирана акција на демократските актери, за зачувување на демократските институции. За таа цел, Фондацијата „Метаморфозис“ и Мрежата против дезинформации за Балканот (АДН-Балканс) го изработи следниот:
Патоказ за заштита на демократијата од информациски закани, кој се базира на следниве клучни елементи:
Имплементацијата на ваквиот патоказ придонесува за реализација на долгорочните приоритети:
Документот за позиција во форма на Патоказ за заштита на демократијата од информациски закани решението го наоѓа во сопфатниот пристап на целото општество (анг. whole-of-society approach), кој подразбира интегрирана акција на сите општествени чинители за јакнење на отпорноста кон информациските манипулации и странските влијанија. Само преку системски, координиран и долгорочен пристап, демократските општества во балканскиот регион ќе можат да изградат вистинска отпорност кон информациските закани и да го заштитат правото на граѓаните да носат информирани одлуки во еден транспарентен и демократски амбиент.