Работилницата ќе се одржи на 27-28 јуни 2012 година, во Сараево, Босна и Херцеговина, во организација на DiploFoundation, a во соработка со Регионалниот совет за соработка и со поддршка од Централната европска иницијатива. Крајниот рок за пријавување е 10 јуни, 2012.
DiploFoundation ги поканува државните претставници и професионалци од земјите во Централна Европа (ЦЕ) да се пријават за работилницата за обука на тема Управување со интернетот (IG) и политики за информатичко-комуникациска технологија (ИКТ) во националните, регионалните и меѓународните процеси.
Работилницата за обука на учесниците ќе им овозможи преглед на мултидисциплинарното поле IG (вклучувајќи ги техничките, правни, економски, општествено-културните и развојни аспекти) и ќе ја објасни интеракцијата помеѓу регионалните, меѓународните и националните чинители и процесите на политики за IG. Ова е можност за државниците и професионалците од земјите во Централна Европа да го подобрат своето целокупно разбирање на IG и да развиваат дипломатски пристап на својата земја и институција во процесот на IG.
Регистрацијата е отворенa за сите заинтересирани страни од Централна Европа. Работилницата е ограничена на 25 учесници. Сместување и оброци се обезбедуваат за неколку избрани меѓународни учесници, а меѓународните патни трошоци треба да ги покријат учесниците или институциите од кои тие доаѓаат.
За да се пријавите, испратете го преку е-пошта вашето име и презиме, земјата на престој, институцијата и позицијата (со предмет: Application for IG workshop in Sarajevo) на ig@diplomacy.edu пред 10 јуни, 2012.
Извор: diplomacy.edu „Training workshop in Internet Governance and Diplomacy“



