Охрид, 14-16 ноември 2003

Од 14-ти до 16-ти ноември, 2003 година, во хотел Белви – Охрид, се одржа работилницата на тема „Новинарите и предизвиците што ги носи информатичкото општество“.

Целите на оваа работилница се:
– Информирање на новинарите за тековните ИТ случувања во државата,
– Поттикнување на новинарите, повеќе да покриваат теми од областа на информациските и комуникациските технологии.

Во работилницата учествуваат 22 новинари и студенти по новинарство (види листа на учесници).

На новинарите им беа пренесени информации од различни позначајни проблеми, предизвици, искуства и решенија од оваа област во Македонија и регионот (види листа на предавачи и презентаци)