На 12 мај 2008, во Блед, Словенија, секторот „ИКТ за инклузија“ на Европската комисија, под словенечко претседателство организира еднодневна работилница за главните етички прашања од областа на е-инклузија.

Тука спаѓаат правото на приватност и заштита на личните податоци, усогласена процедура, почитување на достоинството и интегритетот на личноста, итн.

Во текот на работилницата, ќе се разговара за етичките аспекти околу употребата на ИКТ за независното живеење на постарите луѓе, лица со хендикеп, за општествена и културна интеграција на емигрантите во нивните нови заедници во Европа, ИКТ за општествената инклузија на маргинализираните млади луѓе, и услугите за инклузивна е-власт.

Комисијата ја идентификуваше итната потреба за разјаснување на етничките прашања со цел да се почитуваат правата на корисниците и да им се овозможи на растечките пазари да се развиваат. Инклузијата во информатичкото општество меѓу другото подразбира здраво и независно живеење на постарите лица, помошни технологии за лицата со хендикеп, ИКТ за интеграција на маргинализирани млади луѓе или емигранти.

Работилницата се планира како клучен настан за етика и е-инклузија, каде што лидерите на високо ниво, експертите и заинтересираните страни ќе можат да ги испитуваат главните етички предизвици и да обезбедат совет за етичките принципи да се почитуваат во ИКТ за луѓето кои се изложени на ризик од исклученост, во активностите на истражување, распоредување или имплементација.

Главните заклучоци и препораки од овој настан ќе се презентираат за време на Конференцијата и2010 организирана под словенечко претседателство на 13 и 14 мај 2008 г. во Брдо.

Извор: Europe's Information Society "Workshop on ethics and e-inclusion" April 30, 2008