Ред Хет, заедно со 17 други дистрибутери на Линукс протестираше против договорот што Швајцарската влада го склучи со Мајкрософт без да распише тендер за јавна набавка.

Упатените велат дека со тој потег се открива широкиот монопол на Мајкрософт што европските влади го прифаќаат и покрај нивните наводни заложби за слободен софтвер со отворен код.

Групацијата Ред Хет побара од Швајцарскиот сојузен суд да го поништи тригодишниот договор на Мајкрософт со Шведското сојузно биро за градба и логистика, според кој секоја година Мајкрософт треба да обезбеди десктоп-компјутери и апликации, вклучително и поддршка и одржување, за 14 милиони швајцарски франци.

Договорот за „стандардизирани работни станици“ беше склучен без процес на јавна набавка – затоа што швајцарската агенција проценила дека нема доволно добра алтернатива наместо производите на Мајкрософт, пишува правниот тим на Ред Хет на еден блог.

Ред Хет и останатите одговорија дека има голем број алтернативни решенија наместо Мајкрософт, а тековната ситуација ги прави токму нив попривлечни од кога било досега, според извештајот издаден неделава од Фриформ Дајнемикс.

„Швајцарците не се единствените кои се извлекуваат со овие глупости“, изјави Марк Тејлор од Опен Сорс Конзорциум, додавајќи дека голема заслуга за оваа тужба има и Европската фондација за слободен софтвер, предводена од Џорџ Грив.

Владите молчеливо го прифаќаат монополот на Мајкрософт на нивните ИКТ системи, изјави Тејлор, и покрај јавните изјави како што се скорешното соопштение на британската влада дека би можела да заштеди 600 милиони фунти годишно доколку користи слободен софтвер, изјави Тејлор: „Трошокот е огромен“ додаде Тејлор, додека владата троши милиони фунти годишно на комерцијални, заштитени системи.

Директорот на Мајкрософт за Европскиот пазар, Јан Мјуелфејт неодамна изјави за eWEEK дека Мајкрософт држи 40 проценти од целиот ИТ пазар во Европа.

Извор: eweekeurope.co.uk „Red Hat Sues Switzerland Over Microsoft Monopoly“ 22 мај, 2009.