По усвојувањето на нацрт-законот за задржување на податоци од страна на Домот на пратеници на 4 ноември, 2008 г., романскиот претседател го направи последниот чекор за усвојување на Законот на 17 ноември.

Сега останува само прашање на време кога Законот ќе биде објавен во Службениот весник и ќе стапи во сила (60 дена од датумот на неговото објавување). Податоците поврзани со интернет ќе се задржуваат почнувајќи од 15 март, 2009 г.

Недостигот на какви било релевантни расправи од страна на двата Домови на парламентот или неговите комисии не беше изненадувачки. Се чини дека сите страни вклучени во усвојувањето на Законот го направија тоа затоа што се засновал на Директива на ЕУ и политичарите не можеле да го избегнат.

Комисијата за човекови права на Домот на пратеници гласаше против Законот, но бидејќи тоа мислење беше само консултативно во однос на Законот, на крајот навистина не беше важно. Исто така, извештајот едноставно содржи негативен глас без какво било објаснување за тоа.

Претседателот на Комисијата за ИТ на Домот на Пратеници, г Памбучиан го претстави нацрт-законот за време на пленарната седница на Домот како имплементација на „претерана директива“, но задолжителна според Европското право.

Сепак, немаше премногу промени по парламентарните расправи во текстот поднесен од Владата во февруари годинава. Една голема промена е намалувањето на времето на задржување од една година на 6 месеци. Обвинителите ќе имаат пристап до задржаните податоци со соодветно овластување за пристап добиено од судија, единствено во случаи поврзани со организиран криминал и тероризам, кои се ограничени со списокот обезбеден со дефиницијата за сериозен криминал.

Законот не обезбедува надомест на трошоците предизвикани од органите на прогонот, туку новата одредба е концизна околу тоа дека секој трошок за давателите на електронски комуникации поврзан со примената на овој закон треба да се подмири.

Членот 20 сè уште предизвикува загриженост со тоа што им дава пристап „на државните институции со овластувања во националната безбедност“ пристап до задржаните податоци под условите утврдени со „националната легислатива“ во овој домен. Бидејќи не е предвидена изречна легислатива, ова остава отворена можност за натамошна регулација на случаи на „национална безбедност“.

Конечниот нацрт сè уште вели дека намерниот пристап до задржаните податоци или нивниот трансфер без соодветно овластување е кривично дело казниво со затворска казна од една до 5 години.

EDRi-gram: Romanian Govt adopts Data retention law, but calls it inefficient (27.02.2008)

 

Извор: ЕДРИ-грам "Romania adopts data retention law" бр. 6.22, 19 ноември, 2008