Во отвореното писмо испратено до европските институции, неколку романски невладини организации, вклучувајќи го и членот на ЕДРи – АПТИ Романија, побараа запирање на задржувањето податоци во Европа по одлуките на Уставните судови во Романија и Германија.
Во писмото се бара од Европската комисија да го искористи процесот на евалуација на Директивата за задржување податоци со цел да ги поправи грешките од минатото и да ја поништи Директивата, бидејќи како што се покажа има пречки при добивањето на релевантните податоци во врска со ефикасноста на таквиот систем. Комисијата исто така доби јасни примери за злоупотреби и за негативните ефекти врз приватноста.
Потписниците нагласуваат дека спроведувањето на Директивата за задржување на податоци на ЕУ е невозможно во Романија по одлуката на Уставниот суд од 2009 година, според која основниот делокруг на законот (а со тоа и на Директивата) – законската обврска за постојано и неселективно чување на телекомуникациски податоци – е неуставна.
Тие исто така бараат од надлежните европски институции да го забележат судирот меѓу задржувањето на телекомуникациските податоци и човековото право на приватност и да дејствуваат соодветно за да се испочитуваат начелата на Повелбата за фундаментални права на Европската унија.
Текстот има за цел да потсети на одлуката на Уставниот суд на Романија и да обезбеди поддршка и почитување на истата и да спречи да се стави земја-членка на ЕУ во позиција да го прекршува својот устав: „Според одлуката, чувањето на сите податоци од комуникациите на сите романски граѓани е мерка со која се прекршуваат човековите права, како што е наведено во романскиот Устав. Затоа, „постојаната законска обврска, генерално применлива за задржувањето на податоци (…) на неприфатлив начин му наштетува на остварувањето на правото на приватност и слободата на изразување“.
- Telecommunication data retention must be stopped in Europe (26.01.2011)
- Decision of the Romanian Constitutional Court (8.10.2009)
- EDRi-gram: Data Retention Directive evaluation: expect the unexpected? (15.12.2010)
Извор: ЕДРИ-грам „Romanian NGOs demand stopping data retention in Europe” бр. 9.2, 26 јануари, 2011.