Загубите изнесуваа 560 милиони долари во 2009 година, за разлика од 2008 г. со загуби од 265 милиони долари, покажа годишниот извештај од страна на Центарот за поплаки за криминал на интернет.
Загубите во САД поради онлајн криминал речиси двојно се зголемија во текот на 2009 година, открива еден извештај.
Бројот на поплаки за измама преку интернет се зголеми за 22% во текот на 2009 и Центарот доби повеќе од 336.655 пријави од жртвите во инциденти со високотехнолошки криминал. Најпопуларни измами се барањата за однапред исплатени средства и неиспораката на стоки.
Неиспораката сочинува речиси 20% од сите поплаки, додека кражба на идентитетот е пријавена во 14.1 отсто од вкупно пријавените кривични дела. „Интернет криминалот еволуира на начини кои ние не можевме ни да ги замислиме пред само пет години“, изјави Доналд Брекмен, директор на Националниот центар за криминал White Collar кој помогна во составувањето на извештајот.
Уште една измама која се покажа како популарна во 2009 година – луѓе добиваа е-пошта од „Ishmael Ghost Islamic Group“. Испраќачот тврдел дека му е кажано да го ликвидира примателот на пораката и неговото семејство. Смртната закана наводно можела да се отстрани само со давање на донација на одредена група од Обединетото Кралство која им помага на исламските иселеници.
Додека просечната загуба од онлајн измами во текот на 2009 беше 575 долари, вкупната цифра значително се зголеми затоа што некои од жртвите изгубија огромни суми од криминалците, се вели во извештајот. Кај околу 1% од пријавените кривични дела се забележани загуби од повеќе од 100.000 долари.
Повеќе од половина од оштетените, односно 55% биле на возраст од 40 или повеќе години.
Во извештајот исто така се прават обиди да се одреди бројот на популацијата што врши компјутерски криминал. Во извештајот се спомнуваат следниве цифри: 76% од криминалците се мажи, а повеќе од 50% од нив живеат на шест локации; Калифорнија, Флорида, Њу Јорк, Тексас, Вашингтон и Колумбија.
Центарот за поплаки за криминал на интернет е поддржан од страна на ФБИ и Националниот центар за криминал White Collar и е формиран за оние кои се жртви на измами да можат лесно да пријават инцидент.
Извор: BBCNews “Cyber crime losses in US almost ‘double’ during 2009” 16 март, 2010.




