Финска има население од само 5.3 милиони жители, но таа веќе стана една од малкуте земји кои можат да се пофалат дека над деведесет и шест отсто од нивното население има пристап до широкопојасен интернет.

Но тоа не е доволно за финската влада бидејќи таа штотуку донесе закон со кој се бара од телекомуникациските провајдери до јули, наредната година, да го поврзат секое домаќинство, без разлика каде се наоѓа, на широкопојасната мрежа.

Ова е слично на планот на Владата на Обединетото Кралство за 2012 г.!

Сепак, за разлика од планот на Обединетото Кралство, во Финска провајдерите на широкопојасен интернет се обврзани да обезбедат широкопојасна конекција од минимум 1 мегабит во секунда.

Според финскиот министер за врски, Суви Линден, до крајот на 2015 г. целата широкопојасна мрежа би требало да обезбедува конекција со брзина од 100 мегабита во секунда.

Извор: Techwatch “Broadband access a legal right in Finland” 16 октомври, 2009