Не е доволен бројот на луѓе кои дипломираат со вештините потребни за пополнување илјадници ИТ-позиции во Шкортска, соопштија организациите на работодавачите.
ИТ-секторот создаваше 7.000 работни места годишно, но минатата година само 1.500 студенти дипломираа на компјутерски науки, според списанието Е-skills од Обединетото Кралство.
ScotlandIS се надева дека ќе ја поттикне шкотската влада да помогне во зголемувањето на бројот на дипломирани студенти. Според оваа организација од релевантната индустрија, недостатокот на вештини во областа на технологијата се зголемува. Поли Пурвис, извршен директор на ScotlandIS, изјави: „Технолошкиот сектор расте четири пати побрзо од останатите во Шкотска“.
„Но, и покрај тоа што овој сектор нуди високи плати и одлични работни услови, немаме доволно квалификуван кадар за да ги пополниме слободните работни места“.
Ијан Сомервил, професор по компјутерски науки на Универзитетот St Andrews, изјави дека Шкотска има талент, имагинација и образовен систем со кои може да биде светски лидер во областа компјутери и софтвер.
Извор: BBC.co.uk „Scottish IT jobs ‘lack enough’ graduates to fill them“ 9 септември, 2012.



