Во шпанскиот автономен регион Андалузија, 190.500 ученици и наставници ќе користат лаптоп компјутери со софтвер со отворен код почнувајќи од јануари, известија шпанските весници во текот на овој месец.

На 9 септември, El Pais ја пренесува изјавата на Мар Морено, советник во министерството за образование на регионот, кој објаснува дека дистрибуцијата на лаптоп компјутери е дел од проектот Edu 2.0 на централната власт. Овој проект започнува со учениците од петто одделение, но за да постигне поголем ефект, Андалузија ќе ги вклучи и учениците од шесто одделение.

Дистрибуирањето на лаптоп компјутерите ќе чини повеќе од 80 милиони евра, известува Ел Паис. „Секој лаптоп компјутер ќе чини околу 290 евра. Владата одлучи да ги конфигурира лаптоп компјутерите со слободен софтвер, користејќи го оперативниот систем Гвадалинекс и други бесплатни апликации“. „Кога ќе го завршат образованието, на учениците или бесплатно ќе им бидат доделени лаптоп компјутерите или ќе можат да ги купат за симболична цена.

Плановите на Гвадалинекс за првпат беа објавени во јули за време на Гран Канарија десктоп самитот. За време на оваа конференција, комбинацијата од состаноците на Академијата и Гвадек за десктоп софтвер со отворен код, Исотрол, шпански провајдер на ИТ услуги, го презентираше прототипот на софтверот и хардверот што ќе биде испорачан во Андалузија.

Контроверзија

Мајското соопштение на премиерот на Шпанија, Хозе Луис Родригез Запатеро, за дистрибуирање на 450.000 лаптоп компјутери до училиштата во земјата беше критикувано од неговата сопствена партија (ПСОЕ). Запатеро сакаше на овие лаптопи да има комерцијален софтвер на Мајкрософт. Сепак, Леире Пахин, секретарот на партијата изјави дека сака овие лаптоп компјутери да работат само на софтвер со отворен код.

Извор: OSOR.eu “ES: Andalusia to distribute open source laptops to schools” 22 септември, 2009.