Градскиот совет на Доностија-Сан Себастијан во Баскија, Шпанија, имплементираше систем за управување со документи базиран на софтвер со отворен код со цел да го намали дуплирањето на податоци во различни оддели и да обезбеди подобрено управување со документите.

Придобивките од користењето на платформата базирана на софтвер со отворен код се очигледни не само од аспект на ефикасноста на процедурите во рамки на Градскиот совет, туку и поради погодната и брза испорака на јавните сервиси на граѓаните.

Овој проект започна во рамките на една конференција за слободен софтвер, каде имаше можност да се разговара за заеднички проект за имплементација на интелигентен софтвер за управување со документи. Ова решение обезбедува ефикасност во управувањето со документи на национално ниво преку инкорпорирање на интернет-технологија во секојдневните административни задачи (пребарување, уредување, соработка, одобрување и потпишување на документи и записи) истовремено придонесувајќи за намалувањето на употребата на хартија и усвојувањето на висока технологија базирана на софтверот со отворен код.

Лидер на проектот е приватна компанија којашто специјализира во решенија базирани на слободен софтвер за управување со документи, а беше креирана како спин-оф од апсолвенти на универзитетот Малага. Има за цел да се афирмира како меѓународен репер во полето на технолошките иновации и во развојот на бизнис решенија за управување со содржини.

Извор: OSOR.eu “Spain: Donostia-San Sebastián City Council installs open source document management system” 24 февруари, 2011.