Швајцарската група корисници на системи со отворен код /ch/open годинава повторно ги организира Наградите за софтвер со отворен код во три категории.
Со овие награди ќе им се даде признание на тековните заложби за промовирање на софтверот со отворен код во Швајцарија.
Може да се пријават претпријатија, заедници и млади таленти. Рокот за пријавување е 8 август, 2011г. и апликации може да се подготват на www.ossawards.ch.
Категории за наградата за софтвер со отворен код:
Награда за бизнис случај: наменета за компании или државни институции кои успешно користеле софтвер со отворен код како дел од информатички проект.
Награда за заедницата: наменета за заедниците, претпријатијата или јавните установи кои имаат развиено софтвер и го објавуваат под призната лиценца за софтвер со отворен код.
Награда за млади: наградата за млади ќе се додели на луѓе под 25 години, коишто покажале талент и посветеност преку објавување на изворни кодови/текстови или други дејствија.
Важечките критериуми за секоја категорија, како и услови и дополнителни информации може да се најдат на веб-сајтот на наградата www.ossawards.ch
Извор: OSOR.eu „CH: ‘CH Open Source Awards’ 2011 – Submissions welcome until 8 August 2011″ 5 јули, 2011.