Швајцарската влада објави пилот-портал со 1617 збирки на податоци што можат да се користат за едноставни процени или комбинации и за развој на апликации и визуелни прикази.
Проектот „Отворени владини податоци на конфедерацијата“ или скратено OGD@Confederation е заеднички потфат на Швајцарскиот сојузен архив и нивните проектни партнери за создавање централен пилот-портал што обезбедува пристап до отворени податоци на швајцарските власти („отворени владини податоци“или OGD). Властите вклучени во проектот обезбедуваат дел од нивните веќе достапни податоци за употреба во пилот-порталот. Тоа подразбира широк спектар на податоци, како што се Швајцарските општински граници, статистичките податоци за населението, најнови фотографии од временските услови во Швајцарија, историски документи и директориум на швајцарската литература.
Целта е властите вклучени во проектот да добијат првично искуство со OGD што би можело да претставува основа за продолжување и натамошен развој на пилот-порталот.
Извор: Swiss Open Government Data Pilot Portal