Владата на Шведска ќе подготви прототип на ИТ систем за да помогне да се намали оптоварувањето со административни обврски.
Владата сака да обезбеди услови за компаниите да доставуваат информации до надлежните органи само еднаш и на едно место. Шведското Министерство за претпријатија сè уште не знае дали ќе користи слободен софтвер или други повторно употребливи апликации за овој прототип.
Министерството најави инвестиција од 1 милион круни (околу 120 илјади евра) за овој прототип на 13-ти мај. „Прерано е да се каже каков вид решение или софтвер ќе се користи“, одговори претставник на градската администрација. „Најверојатно ќе се базира на веќе достапните решенија“.
Техничко решение
Шведска владина комисија ги започна подготовките за проектот пред една година. „Од комисијата се побара да извести за правните и техничките можности за создавање систем во кој информациите доставени од компаниите може да се користат од неколку органи, што би довело до размена на информации меѓу властите. Според изворот, предлогот од испитувањето треба да се заснова на технички проверено решение“.
Комисијата достави извештај во март. Врз основа на извештајот, Министерството одлучи дека комисијата сега може да развие прототип. Финалниот извештај од Комисијата се очекува на крајот на ноември. Во изминатите неколку дена Министерството не одговори на барањата за повеќе информации.
Извор: Joinup.eu „Sweden to prototype IT solution to help reduce the administrative burden“ 3 јуни, 2013.



