Иако отпрво Шведската влада вети дека нема да ги „лови“ младите кои споделуваат датотеки преку интернет, на 14 март 2008 г. даде предлог со кој судовите ќе можат да ги принудат интернет провајдерите да ги откријат интернет протокол адресите користени за нелегално споделување.
Овој предлог на Владата значи отфрлање на претходното алтернативно решение предложено од судијката на Апелациониот суд Сесилија Ренфорс која сугерираше дека интернет провајдерите треба да ги исклучуваат корисниците кои постојано без дозвола симнувале материјал заштитен со авторски права.
Интернет провајдерите ја поздравија владината одлука со оглед на тоа што предлогот на Ренфорс ќе ги ставеше провајдерите во позиција на „чувари на редот кај своите клиенти“ изјави Маркус Најлин, извршен директор на Бредбендсболагет. Мартин Тивиус, директорот на интернет провајдерот Глокалнет исто така изјави: „Битно е што новите закони за авторски права ќе го земат предвид легитимниот интерес на корисниците за нивниот личен интегритет“.
„Ниту ние како интернет провајдер ниту Агенцијата за спречување на пиратство може или треба да донесеме одлука за тоа во кои случаи авторските права се поважни од личниот интегритет. Поради тоа, сметаме дека е добро што Владата ќе им ја додели оваа задача на судовите“.