Сигејт објави дека започна со испорачување на хард диск со најголем капацитет во светот. Се работи за модел од серијата Баракуда 7200.8 кој има капацитет од 400 гигабајти

Сигејт (Seagate) објави дека започна со испорачување на хард диск со најголем капацитет во светот. Се работи за модел од серијата Баракуда (Barracuda) 7200.8 кој има капацитет од 400 гигабајти (ГБ). Составен е од три плочи кои имаат капацитет од по 133ГБ што претставува најголема густина на податоци којашто е остварена до сега.  Поголемата густина на податоци и помалиот број на плочи значат и поголема брзина на работа и помала можност за расипување.

Најновата генерација на дисковите Сигејт Баракуда 7200.8 овозможуваат побрза работа со бафер меморија од 8 мегабајти или 16 мегабајти и со просечно време на пристап до податоците од 8 m-sec. Дисковите имаат вградени лежишта од типот SoftSonic fluid dynamic што овозможува многу тивка работа. Серијата Сигејт Баракуда 7200.8 ќе понуди дикови со капацитет од 200ГБ, 250ГБ, 300ГБ и 400ГБ. Исто така, дисковите ќе бидат со петгодишна гаранција, а на корисниците ќе им биде овозможена техничка поддршка и по истекот на гаранцијата.