Првиот месец од годинава 98,4% од деловните субјекти во финансискиот сектор користеле компјутер, а 85,9% имале пристап на интернет, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика

Првиот месец од годинава 98,4% од деловните субјекти во финансискиот сектор користеле компјутер, а 85,9% имале пристап на интернет, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Компјутер и интернет, според ДЗС користеле сите деловни субјекти од финансискиот сектор со десет или повеќе вработени.

Информатичко-технолошки систем за управување со пласманот или приемот на нарачки во текот на јануари 2006 година имале 20,3% од финансиските деловни субјекти, додека ваков систем имале 34,5% од финансиските деловни субјекти со десет или повеќе вработени.

Вработувањето на телеработници, односно вработувањето на лица кои работат надвор од просториите на деловниот субјект и оттаму имаат пристап до компјутерскиот систем на деловниот субјект, во јануари 2006 година, било застапено кај 18,8% од финансиските деловни субјекти. Телеработници вработувале 31,0% од финансиските деловни субјекти со десет или повеќе вработени.

Во јануари 2006 година, 68,8% од деловните субјекти од финансискиот сектор, за локално мрежно компјутерско поврзување користеле ЛАН, базиран на жично, кабелско поврзување, а 23,4% користеле безжичен ЛАН. Од деловните субјекти од финансискиот сектор со десет или повеќе вработени, 96,6% користеле ЛАН – жичен, а 37,9% безжичен ЛАН.

Внатрешна компјутерска инфраструктура, интранет, имале 53,1% од финансиските деловни субјекти, односно 75,9 % од финансиските деловни субјекти со десет или повеќе вработени.

Дозволен надворешен пристап до својата компјутерска мрежа, екстранет, имале 20,3% од финансиските деловни субјекти, односно 34,5% од финансиските деловни субјекти со десет или повеќе вработени.

Во јануари 2006 година, најзастапено поврзување со интернет во финансискиот сектор било поврзувањето преку ДСЛ технологиите (АДСЛ и др.) со кои се овозможува подобра и побрза размена на податоци. Ваков тип на поврзување на интернет имале 45,5% од вкупниот број финансиски деловни субјекти.

Кај финансиските деловни субјекти со десет или повеќе вработени преовладувало друго фиксно поврзување на интернет, како на пример, преку кабел или изнајмена линија. Ваков тип на поврзување на интернет имале 65,5% од финансиските деловни субјекти со десет или повеќе вработени.

Во јануари 2006 година, своја веб-страница имале 61,8% од деловните субјекти во финансискиот сектор со пристап на интернет. Своја веб-страница имале 82,8% од финансиските деловни субјекти со десет или повеќе вработени.

На веб-страницата своите услуги ги рекламирале 52,7% од деловните субјекти во финансискиот сектор, односно 72,4% од финансиските деловни субјекти со десет или повеќе вработени.

Во текот на 2005 година, 65,5% од деловните субјекти од финансискиот сектор со 10 или повеќе вработени, користеле услуги на е-влада, односно ги користеле веб-страниците на јавната власт, а најмногу 65,5% за добивање на формулари.

Во текот на 2005 година, 18,2% од деловните субјекти во финансискиот сектор, односно 34,5% од финансиските деловни субјекти со 10 или повеќе вработени, обезбедувале услуги преку интернет, како што платежни услуги, услуги во врска со штедни депозити, услуги во врска со заеми, кредити и други инвестициони услуги.

Извор: А1