Можност први бесплатно да користат интернет добија учениците од „Браќа Рамиз и Хамид“ и „Петар Здравковски-Пенко“.

На 7 јуни 2005г. две скопски основни училишта се поврзаa на интернет, како први од 460 образовни институции во земјава, кои до септември треба да добијат бесплатен пристап до интернет.

Можност први бесплатно да користат интернет добија учениците од „Браќа Рамиз и Хамид“ и „Петар Здравковски-Пенко“.

Учениците од двете училишта преку видеоконференциска врска имаа можност да ги интервјуираат министерот за образование Азис Положани и Дик Голдман, директор на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), со чија донација училиштата се поврзувааат со Интернет.

Бесплатен пристап до интернет до почетокот на новата учебна година треба да имаат и сите основни и средни училишта, како и студентските домови во Македонија.