На фирмите што настапуваат на светските пазари и на тие што се соочуваат со голема конкуренција во земјава им треба напредна информатичка технологија, велат во Неоком, кои се партнери на Хјулит Пакард

        Уплатата на лото-ливчињата Лотарија на Македонија ја прима до моментот на почнување на извлекувањето. Во Лотарија велат дека ова им го овозможува инсталираната информатичка технологија од американската компанија Хјулит Пакард и од грчката Интралот.

        – Оваа придобивка максимално ја користат нашите играчи, кои имаат навика да ги уплаќаат ливчињата во последен момент, за што говорат и податоците дека од неделната уплата дури 60 отсто се реализира во среда, на самиот ден на извлекувањето. Благодарение на технологијата од Хјулит Пакард и од Интралот, секоја уплата и исплата во продажните места на Лотарија на Македонија веднаш се регистрира и се складира во централните сервери, со што се избегнува физичка дистрибуција на ливчињата – објаснува Митко Димов, генерален директор на Лотарија на Македонија.

        Тој вели дека сигурноста, стабилноста и брзината во обработката на податоците што ги обезбедува опремата од Хјулит Пакард базирани на два поврзани сервери “ХП Алфа”, кои работат под оперативниот систем “ХП ОпенВМС” и користат низа на дискови во “ХП Сторејџворкс Диск Арајс” и се заштитени со специјален софтвер за пресликување на податоците бидејќи таа се користи за спроведување на игрите на среќа.

        Слични решенија за игри на среќа на грчката фирма Интралот, во комбинација со компјутерска опрема од ХП се застапени и во многу други земји како Србија, Бугарија, Романија, Малта и други.

       Во Лотарија на Македонија најавуваат употреба и на новите решенија од Хјулит Пакард. Според Димов, компанијата подготвува проект за централно поврзување на нивните центри за спортско обложување.

        – Иако во моментов информатичката технологија е на многу високо ниво, секое ново решение што ќе го направи нашето работење поефикасно, а производите поатрактивни, ќе биде имплементирано во компанијата – вели тој.

        Според Попов од Неоком, потребите од напредна технологија и од софистицирани решенија се особено карактеристични за фирмите што настапуваат на светските пазари, како и за тие што се соочуваат со голема конкуренција во земјава.

        -Државните, образовните и научните установи исто така имаат потреба од современа информатичка технологија. Не треба да ги заборавиме и граѓаните, особено младите, бидејќи во 21 век информатички необразованите ќе се сметаат за целосно необразовани – смета Попов.

        За фирмите кај кои континуитетот на деловните процеси претставува услов за опстанок и успех на пазарот, Хјулит Пакард ги има вистинските технолошки решенија.